fbpx

За непречен развој на вашето малечко потребни му се хранливи состојки кои единствено може да ги земе од вашиот организам. Неправилната исхрана, односно исхрана сиромашна со витамини, протеини и минерали ќе придонесат за нарушено здравје на мајката, замор и изнемоштеност.  Како правилно да се храните за време на бременоста, кои намирници треба да бидат дел од вашето мени а кои треба да ги избегнувате и уште многу други стручни совети беа презентирани на едукативното предавање за идните родители во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Д-р Александра Хаџи – Димова истакна дека здравите навики за исхрана се еден од клучните чекори за здрава бременост и здрава иднина. Д-р Хаџи Димова ги охрабри идните мајки за интересот да научат како да се хранат здраво и истакна дека го прават вистинскиот избор за нивното малечко.

Следното едукативно предавање за идните родители е во среда (18.11) на тема: Промени во бременост за кои е потребен лекарски преглед. Предавач ќе биде д-р Ана Кацарска, гинеколог – акушер. Ве покануваме заедно да се дружиме и едуцираме. Во прилог е и целосната програма на едукативните предавања.