fbpx

Acibadem Sistina BABY

Што да очекувате при двата начини на породување, кои се предностите на спонтаното породување, како се одвива процесот на заздравување по царскиот рез и какви компликации се можни при оваа интервенција се дел од информациите кои можеа да ги слушнат идните мајки на едукативната средба за здрава бременост во Аџибадем Систина. Д-р Ирена Шуплиновска, гинеколог-акушер ги посочи сите предности на спонтаното породување во однос на царскиот рез и ги поттикна бремените самоуверено и храбро да ги очекуваат знаците на породување и самиот чин. Ги објасни знаците кои го означуваат почетокот на процесот на породување и самите фази на породувањето. Се дискутираше и за породување при бременост со близнаци, за состојби кај мајката кои бараат породувањето да се изврши со царски рез, за болката при самиот чин и уште многу други прашања. По предавањето поголем дел од времето беше посветен на прашањата на идните родители на кои одговор даде д-р Шуплиновска.

Следното предавање на тема „Безболно породување и типови анестезија“ ќе се одржи во среда (24.02) во Клиничката болница Аџибадем Систина. Предавањата се бесплатни и може да присуствуваат сите идни мајки. Потребно е само да го регистрирате вашето присуство на 02/ 30 99 500. На сите присутни секоја среда со љубов им подаруваме симболичен подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.