fbpx

На 23 април 2015 (четврток) на Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се роди 10.000-тото новороденче. Тимот предводен од д-р Никола Панчевски, гинеколог акушер, со спонтано породување донесе на свет здраво машко бебе со родилна должина 50 цм и 3400 г. тежина. Малиот Даниел е првата радост на Викторија и Дарко Зарезанкови и 10.000-тото бебе родено во болницата од основањето на брендот Систина.

Јубилејното бебе ќе добие бесплатен третман во болницата „Аџибадем Систина“ до својата 18 годишна возраст, вклучувајќи го и бесплатното породување и апартманско сместување на мајката и бебето за време на престојот во болница. Подарок за Даниел подготви и нашиот партнер Бекутан.
Дополнително, мајката на заминување од болницата ќе го добие стандардниот подарок од концептот Acibadem Sistina Baby – брендирана бебешка торба со информативен материјал и многу други подароци и изненадувања.

Грижата за идните мајки и новороденчиња остана главен приоритет низ годините

Професионалната грижа за репродуктивното здравје на жената и новороденчињата остана еден од главните приоритети низ годините. Со прераснувањето од Специјална болница за гинекологија и акушерство во Клиничка болница во 2011 година, „Аџибадем Систина“ вложи сериозна инвестиција во развојот на капацитети кои овозможија професионална грижа за идните мајки и нивните најмили во секој аспект. Вложувањето во професионалниот кадар овозможи „Аџибадем Систина“ да стане високопрофесионален центар за водење на ризична бременост, со што значително е намалена стапката на предвремено родени новороденчиња. Отворањето на најсовремена Единица за неонатална интензивна нега овозможи третман на критично болните како и предвремено родените новороденчиња. Имплментацијата на нови процедури во Центарот за ИВФ придонесе за значително зголемен број на ИВФ бремености.  Отвoрањето на Педијатрија со сите елементи (стационар, ургентен центар, дневна болница, поликлиника и интензивна нега ) го заокружи целосниот третман на болести во детската возраст.

Acibadem Sistina Baby - уникатен концепт за целосна грижа на идните мајки и нивните најмили

За да ја добиете довербата на илјадници мајки, треба за вашата работа да зборуваат позитивни искуства и резултати, да понудите квалитет во секој сегмент на грижа за родилката и новороденото, да ги применувате светските стандарди, секојдневно да се надградувате и усовршувате... Мајките ја препознаа нашата посветеност и заедно со нив, успеавме да создадеме систем кој овозможува безбедна бременост и здрава иднина.
Од оваа година, специјално за нашите идни мајки го создадовме и концептот Acibadem Sistina Baby, кој опфаќа низа бенефиции и предности со кои им овозможуваме да се чувствуваат сигурно и посебно во нашата болница. Концептот вклучува едукација за здрава бременост, бесплатни јога вежби, медицинска масажа, бесплатни скрининзи, производи и водич за нега на новородени, едукација за доење, многу подароци и други изненадувања. Го создадовме и интернет порталот  www.acibademsistinababy.mk каде на едно место можете да добиете информации поврзани со процесот на забременување, бременост, грижа за бебе и дете.

Првото бебе наполни 14 години

Првото бебе е родено на 29.03.2001 година во тогашната Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица - Систина“. Породувањето го извршил д-р Митко Ивановски, гинеколог акушер.