fbpx

Трите момчиња на Перо Антиќ

 

 

 

На 24 март македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ стана горд татко на трето момче во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тој денеска, со двајцата поголеми синови, Лука (9) и Павел (3), дојде во посета на сопругата Ружица и малиот Петар.

Третиот наследник во семејството Антиќ на свет го донесе д-р Никола Панчевски. Радоста за новиот член не можеше да се сокрие од лицата на целото семејство, посебно на братчињата, кои постојано прашуваа за Петар.

Уживајте во првата заедничка фотографија на машките претставници на семејството Антиќ.