Сашко Коцев, сопругата Смиљана и малата Јоана си одат дома

На 8 октомври се роди првата радост на Сашко и Смиљана. Малата Јоана на свет ја донесе д-р Елизабета Матевска-Атанасовска, која беше задолжена за целата бременост на Смиљана.

Новите родители велат дека имаат само пофални зборови за докторката, но и за целиот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Сашко е вистински шампион, се грижеше за мене и во бременоста, а сега ќе биде одличен во улогата на татко“- вели Смиљана.

Им благодариме за споделеното искуство, уживајте во првите семејни фотографии на Сашко, Смиљана и Јоана.