fbpx

Зошто жените добиваат проширени вени за време на бременост?

Поради големината на матката, истата притиска на венските садови кои ја враќаат крвта од нозете и создава зголемен отпор на венскиот повраток. Важен фактор е и фамилијарната предиспозиција. Одмор, подигање на нозете, чорапи за поддршка е обично сè што е потребно. Важно е да се одреди дали варикозните вени не се комплицирани од тромбофлебит. Хемороидите се исто така проширени вени, кои може први да се појават во бременоста од истите причини и се потенцираат поради констипацијата која често се јавува во бременоста.