Улогата на витаминот Д во развојот на коските кај бебињата (Видео)
Кај децата е важен за правилен развој на коските, мускулите и забите. Но, сè почесто се откриваат уште голем број значења на овој витамин. Последните истражувања го поврзуваат витаминот Д со јакнењето на имуниот систем, невролошкиот систем, има антиканцерогено дејство и помага во формирањето и обновувањето на слузокожата.
Но, сепак најактуелен е кај новите мајки кои имаат дилема колку витамин Д е доволен за нивното бебе, дали треба да се даваат капките преку ден или навечер, што доколку се прескокне еден ден давањето на капките...
Корисни совети поврзани со улогата на витаминот Д во развојот на децата слушнете од д-р Маја Каличанин Марковска, ортопед од „Аџибадем Систина“.