fbpx

Распоред на предавања за трудници – март - април 2018

Драги наши идни мајки, ве известуваме дека секоја среда во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржуваат бесплатни предавања за трудници. Циклусот предавања ги опфаќа најзначајните состојби во бременоста за кои е важно да се информирате. Споделувањето различни искуства е добредојдено, особено за новите мајки за кои бременоста е прво искуство.

Новиот циклус започнува на 07. Март, а предавачи се тим специјалисти од различни дејности и акушерки од болницата.  Првото предавање е на тема – Промени и задолжителни скрининзи за време на бременост, а предавач е ќе биде доктор по гинекологија и акушерство.

Со  задоволство ве очекуваме да дојдете и заедно да се едуцираме за здрава бременост. Секоја трудница на предавањето добива и подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.

За да го најавите вашето присуство потребно е да се јавите во нашиот Контакт центар на 02 30 99 500. Погледнете ја целата програма