17. недела
Се ближи денот кога ќе го дознаете полот на вашето бебе. Ваквата вест е подеднакво изненадувачка како за мајката така и за таткото... Во меѓувреме, вашето бебе станува сé поголемо. Масното ткиво почнува да се развива под кожата на бебето. Тоа ќе обезбедува енергија и ќе помага бебето да одржува топлина по породувањето. Сега вашето бебе има околу 140 грама, а вие имате зголемено просечно 3,2кг од почетокот на бременоста.
Вашето бебе е со големина на кромид
Бебе во 17. Недела
`Рскавиците преминуваат во коски
Почнува да се создава масното ткиво
Папочната врвца се задебелува и станува поцврста
Симптоми што најчесто се присутни оваа недела
Зголемен вагинален исцедок
Зголемено потење, зголемено лачење плунка како резултат на зголемениот и забрзан проток на крв во телото.
Осетливи и зголемени гради – Како што растат, се истегнува кожата на градите.
Зголемување на тежина.
Советуваме
Дознајте кои се задолжителни прегледи во бременоста
Очекувајте, наскоро ќе го почувствувате движењето на бебето