fbpx

Со вакцинација детето се заштитува од повеќе опасни  детски заболувања. Вакцинацијата го зајакнува имунитетот на детето. Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане отпорно на најтешките детски  заразни болести. Само  со редовна и целосна вакцинација се  обезбедува сигурна заштита.

  • Вакцинирањето во Македонија е задолжително
  • Вакцинацијата е бесплатна
  • Вакцинирањето и ревакцинирањето се врши согласно календарот за вакцинација
  • Вакцините се квалитетни, проверени и безбедни
  • Право на секое дете е да биде вакцинирано
  • Должност на секој родител е редовно да го носи своето дете на вакцинација
  • Обврска на здравствените лица е редовно да ја извршуваат вакцинацијата кај децата
  • Обврска е пред секое вакцинирање детето да го прегледа педијатар.

 

* Возраст на лица што подлежат на задолжителна
имунизација

ВАКЦИНИ

КОМЕНТАР

24 часа од раѓање ¹

  • Хепатитис  Б 

Вакцинирање

до 12 месеци ² 

  • БЦГ

Вакцинирање

2  месеци ³

  • Ди Те Пер
  • ХиБ
  • Хепатитис Б
  • Полио

Вакцинирање / шестовалентна или поединечна вакцина

3,5 месеци 4

  • Ди Те Пер
  • ХиБ
  • Полио

Вакцинирање / петовалентна или поединична

вакцина

6 месеци 5

  • Де Те Пер
  • ХиБ
  • Хепатитис Б Полио

Вакцинирање / шестовалентна или поединечна вакцина

12 месеци 6

  • МРП

Вакцина

18 месеци 7

  • Ди Те Пер
  • ХИБ
  • Полио

I Ревакцинирање/ петовалентна или поединична вакцина

6 години 9

  • МРП

Ревакцинирање

7 години ¹º

  • ДиТе-адултна
  • Полио

 

II Ревакцинирање

12 години ¹¹

  • ХПВ

Вакцинирање

14 години ¹²

  • Ди Те-адултна
  • ПОЛИО

 

III Ревакцинирање

18 години ¹³

  • ТТ

IV  Ревакцинирање

     

* Појаснување – возраст во месеци -  (се мисли со наполнети месеци)

                         возраст  во години - (се мисли со наполнети години)

ИНСТРУКЦИИ  –  ПОЈАСНУВАЊЕ

¹ Во првите 24 часа од раѓање детето се вакцинира со Хепатитис Б вакцина.

² До крајот на првата година детето се вакцинира  со  БЦГ вакцина без претходно туберкулинско тестирање.

³ Со полни 2 месеци детето се вакцинира  со шестовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, Хеп Б и ИПВ) или со поединечни вакцини.

4 Со полни 3,5 месеци детето се вакцинира со петтовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, и ИПВ) или со поединечни вакцини.

Со полни 6 месеци  детето се вакцинира  со шестовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, Хеп Б и ИПВ) или со поединечни вакцини.

6 Со полни 12 месеци детето се вакцинира  со МРП вакцина.

7 Со полни 18 месеци детето се вакцинира со петтовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, и ИПВ) или со поединечни вакцини како I ревакцина.

8 Со полни 6 години детето се вакцинира со МРП ревакцина.

9 Со полни 7 години детето се вакцинира со   Ди-Те адултна вакцина  како II ревакцина и со ОПВ како II ревакцина.

10 Со полни 12  години се вакцинираат  само девојчињата со ХПВ вакцина.

11 Со полни 14 години детето се вакцинира  со  Ди-Те адултна  вакцина како III ревакцина и со  ОПВ како III ревакцина.

12 Со полни 18 години детето се вакцинира со Тетанус IV ревакцина.

 

СО РЕВАКЦИНИРАЊЕТО ЌЕ СЕ ОСВЕЖАТ ОДБРАНБЕНИТЕ СИЛИ НА ДЕТЕТО.  

Очекувано е по вакцинацијата кај некои деца да се јават реакции кои брзо поминуваат: болка, црвенило, оток, покачена температура, намален апетит, плачливост. Овие реакции се незначителни во споредба со последиците од болеста која се јавува кај деца кои не се вакцинирани.