fbpx

Што треба да направите  за да се подготвите за бременост?

Високиот крвен притисок во текот на бременоста е состојба која бара посебно внимание и следење. Без разлика дали се појавила во текот на бременоста или пациентката го имала како состојба или болест пред забременувањето, овие пациентки мора да имаат поинтензивно следење и нега од своите гинеколози.

Ако имате висок крвен притисок, треба да се консултирате со вашиот гинеколог доколку планирате да забремените. Исто така, треба да посетите и кардиолог кој заедно со вашиот гинеколог ќе ви предложат што треба да направите пред да забремените. Доколку имате вишок килограми ќе ви препорачаат да ја намалите телесната тежина пред да останете бремени.

Што треба да се направи за да се превенира, намали ризикот од компликации?

За да го намалите ризикот од компликации треба да го направите следново:

  • Не ги запоставувајте редовните пренатални прегледи
  • Земајте ги лековите за висок притисок како што ви се препишани. Вашиот доктор ќе ви препише најбезбедни лекови.
  • Останете активни. Следете ги препораките на вашиот лекар за физичка активност
  • Јадете здраво. Изберете храна која содржи помалку натриум и јаглехидрати
  • Избегнувајте да пушите цигари, избегнувајте алкохол.

Последните 3 точки  не случајно се потенцирани, како и во многу други болести превенцијата е најважна, посебно  исхраната е клучна. Намалениот внес на јаглехидрати (леб, тестенини, пити, благи работи) во огромен број случаи може да ги превенира потешките форми и компликациите на хипертензијата.

Во светот научниците постојано истражуваат за да се најде начин за да се спречи преекламсијата, но досега нема јасни стратегии. Доколку сте имале прееклампсија во претходната бременост, што резултирала со породување пред 34. недела или сте имале преекламсија во повеќе од една бременост, вашиот лекар може да ви препорача дневни ниски дози на аспирин во тек на бременоста.