fbpx

Карактеристично е тоа што во осмата недела, не само што вашиот осет за мирис и вкус е толку многу развиен туку истовремено почнува да се развива и осетот за вкус на вашето бебе. Од осмата недела рацете и нозете на вашиот ембрион веќе се издолжуваат и стануваат се повеќе дефинирани, прстите започнале да се формираат. Очите на ембрионот се веќе видливи. Срцето пумпа со 150 удари во минута, двојно побрзо отколку кај нормален возрасен човек.

 

Вашето бебе е со големина на малина

Просечна тежина е околу 1 грам, а должината изнесува  8-11 мм. Во оваа недела расте по 1 милиметар на ден.

Вашето бебе во осмата недела

  • Капаците ги покриваат очите.
  • Се развиваат почетоците на прстите на рацете и нозете
  • Исчезнува опашкастиот завршеток на телото.
  • Интересен факт: Почнува да се развива осетот за мирис и вкус
  • Почнуваат да се формираат мускулите и слоевите на кожата

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

  • Зголемени, осетливи гради, како резултат на зголемувањето на клетките од кои се создава млекото
  • Замор и/или мачнини. Падот на крвниот притисок кој е нормална состојба во бременоста е виновен за заморот.
  • Слаби грчеви. Се јавуваат поради истегнување на лигаментите на стомакот како резултат на зголемувањето на матката .
  • Проблеми со варење на храната, запек, подуеност на стомакот, киселини.
  • Зголемен осет за мирис.

Советуваме

Доколку не сте направиле прв преглед кај гинеколог, сега е вистинско време за тоа.

Пијте големо количество на вода.

Прочитајте зошто треба да се храните здраво.