fbpx

Како правилно да ги воспитате децата

 

Не го обвинувајте вашето дете за секоја постапка, зашто децата се огледало на вашето однесување. Некогаш причините побарајте ги во вас. Запрашајте се што треба да смените во вашето однесување или воспитување за да му помогнете на вашето дете.

 

Воспитувањето на децата треба да го темелите на емоционална топлина и поддршка. Освен тоа неопходни се јасни правила на однесување и ограничувања, односно контрола.
Што повеќе фалете и наградувајте го вашето дете за да го развиете чувството на сигурност и самодоверба, а што помалку користите критики и казни кои будат чувството на несигурност и неуспех кај детето.
Поттикнете го детето да постигне успех и заедно со него радувајте се, но пред сѐ запознајте ги можностите на своето дете и бидете реални во вашите барања.
Во своето дете не гледајте само како на ученик туку како личност во целина, со различни особини и способности, за да не го доживувате сопственото дете само преку неговите школски оцени или успеси.
Поттикнете го детето да се афирмира и социјализира преку активности и надвор од училиштето (спорт, уметност, хоби...).
Со детето не разговарајте само за неговите резултати, односно оценки, туку покажете интерес и за сето останато што се случува на училиште
Помогнете му на детето да се вклопи со останатите ученици, особено ако е повлечено и несигурно во себе. Организирајте заедничко дружење со останатите деца
Повремено разговарајте со вашето дете (како се чувствува, кои му се најдобри другари...)
Никогаш немојте без причина да ги оправдате отсуствата од училиште, зашто одбивањето од училиште најчесто почнува со лажните оправдувања на родителите.