Добредојде Јан

„Голема благодарност до двајцата најдобри доктори, д-р Павле Димчев, кој секогаш беше тука за мојата бременост и кој ми помогна да одлучам што е најдобро за моето породување. Бескрајна благодарност и до д-р Јорданчо Иванов, кој со своите професионалност и искуство успеа да ми помогне во последен момент и за кратко време да се породам и на свет да го донесам малиот ангел Јан“- објаснува Билјана.

Јан се роди на 2 јануари во 37. гестациска недела.

Најсреќна за доаѓањето на свет на малиот Јан беше неговата сестричка Миа, која поради настинка не дојде да го запознае во болница, но затоа сега кога се дома таа не се двои од него.

Честитки за мама Билјана и тато Зоран.