fbpx

35. недела

Големото бебе сè помалку дава простор на вашите органи заземајќи што поголем простор во вашиот стомак. Во 35.недела матката е речиси 1.000 пати поголема во однос на претходно. Сега неговите удари ги чувствувате поретко, но се со поголем интензитет. Болните клоцања кои сега ве будат во текот на ноќта, за кратко време ќе ви недостигаат.

Важно :
Од 35. до 37.недела треба да направите брис за детекција на присуство на група Б стрептококи во надворешниот дел на вагината и околу аналниот отвор. Присуство на оваа група бактерии може да предизвика предвремено прскање на плодовите обвивки (прскање на водењакот). Исто така, присуството на група Б стрептококи предизвикува инфекција кај плодот додека минува низ родилниот канал. Доколку се позитивни резултатите, се применува терапија со антибиотик со цел да се превенира инфекцијата.

 

Вашето бебе е со големина на кокос

Просечната должина на бебето сега е околу 46 см, а просечната тежина околу 2380 грама.

Бебе во 35. недела

Слухот е целосно развиен, реагира на високи тонови

Кај машките бебиња, најверојатно, тестисите се спуштени во ќесата (скротумот)

Се смалува количината на плодова вода

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Често мокрење.

Запек.

Болки во грбот. Тежината на бебето може да предизвика болки во грбот и нарушена рамнотежа на телото.

Советуваме

Информирајте се повеќе за двата типа  обезболување – епидурална и спинална анестезија