Едукативните предавања беа мој водич во бременоста
„Ова е моја прва бременост и се чувствувам прекрасно. Но, уште од првиот ден кога дознав дека ќе станам мајка, имав милион прашања: дали бебето се развива нормално, дали се хранам правилно, кога треба да одам на преглед за да не пропуштам важен дел од развојот, дали болките во стомакот се нормални, дали ќе бидам добра мајка ...“ вели 30-годишната Радмила Марковска.
Не сакав да пропуштам ниту едно предавање
Кога мојот гинеколог ми кажа дека во „Аџибадем Систина“ се организираат бесплатни предавања за трудници, веднаш се заинтересирав. Го земав флаерот со распоредот на предавања и се почувствував многу посигурно. Веќе знаев дека нема да пропуштам ниту едно од нив. Осум предавања кои ќе дадат одговор на моите прашања и дилеми. Уште повеќе ми значеше што предавањата ги водат стручни лица кои имаат ис- куство за одредената тема.
Ме научија како да се хранам здраво
„Импресионирана бев од предавањето на д-р Александра Хаџи-Димова. Ни пренесе корисни информации во врска со храната која треба да ја внесуваме за време на бременоста. И не само за храната туку и за начинот на подготовка. Ни кажа кои намирници се потребни за бебето да добие доволно хранливи материи, и како да не дозволиме да имаме голем пад на железото во крвта. И, секако, она што е најважно, дека не треба да јадеме за двајца“, низ смеа ни раскажа Радмилa.
Подготвена сум за грижата за мојот син
Како што се наближуваше терминот за породување, со нетрпение ги чекав двете предавања – за спонтано породување и царски рез и за нега на новороденче. Како и на секоја идна мајка, и кај мене самата помисла за чинот на породување предизвикува стрес и паника. Затоа, сакав да бидам дел од тоа предавање и да знам што ќе ме очекува, како да се подготвам за овој чин, кога да дојдам во болница, како правилно да дишам за да си ги олеснам болките при контракциите. На предавањето на Д-р Александар Сајковски се охрабрив дека ќе бидам добра и силна мајка благодарение на него- вите искрени препораки за грижата за новороденче.
Едукација, но и дружење
Првото нешто поради кое редовно доаѓав на предавањата е за да научам нови корисни работи за бременоста, но и да бидам во друштво со други трудници и заедно да го споделиме нашето искуство. Најголем број од трудниците со кои имав можност да се запознаам се исто како мене, млади мајки кои за првпат се соочуваат со бременоста. Нивните совети беа, исто- така, корисни за мене.
Топла препорака за сите идни мајки
Предавањата за трудници беа мој водич за бременоста. Научив многу работи, кои искрено не знам каде ќе можев да ги најдам. Не сакам да читам на интернет сè и сешто бидејќи сајтовите повеќе ме плашат отколку што ме информираат. Мојата искрена препорака до сите идни мајки е да се пријават и да не пропуштат ниту едно предавање бидејќи секое предавање е подеднакво корисно. Можете да го донесете и вашиот партнер, посебно за предавањето за нега на новороденче, во која треба да учествуваат и татковците.
Секоја среда - нов подарок!
Неможам а да не ги спомнам подароците, кои беа вистинско изненадување. Секоја среда љубопитно ѕиркав во убаво спакуваното ќесе за да видам што овојпат ќе ни подарат во „Аџибадем Систина“. Тие се навистина голем гест за сите присутни трудници.
Бесплатни предавања за трудници во „Аџибадем Систина“
Секоја среда во „Аџибадем Систина“ се одржуваат предавања за трудници. Циклусот предавања ги опфаќа најзначајните состојби во бременоста за кои е важно да се информирате. Предавачи се тим специјалисти од различни дејности и акушерки од болницата. Распоредот на предавањата можете да го најдете на www.acibademsistinababy.mk, а вашето присуство можете да го најавите на 02/30 99 500.