fbpx

2 - 4 недела

Фертилизација и имплантација

Вашата јајце клетка и сперматозоидот од вашиот партнер се соединуваат во еден од двата јајцеводи  на матката и формираат една клетка – почетна точка, од која следуваат голем број неверојатни настани. Овој процес е наречен фертилизација. Таа почетна клетка има 46 хромозоми, 23 од вас и 23 и од вашиот партнер. Таа единствена, микроскопски видлива клетка се дели повторно и повторно и во 40. недела од бременоста тоа е веќе нова личност создадена од повеќе од 2 трилиони клетки – вашето убаво женско или машко бебе.

По фертилизацијата, клетката патува надолу по јајцеводот кон матката. Во исто време таа рапидно се дели. Внатрешната група клетки ќе формира ембрион, а од надворешната ќе се формираат мембраните кои служат за негова исхрана и заштита. Четири до пет дена од фертилизацијата е моментот кога оваа топка од клетки ќе дојде до матката, сега веќе се нарекува бластоциста. Надворешната група клетки на бластоцистата ќе се прикрепи за внатрешниот зид на матката, процес кој се вика имплантација. При тој чин на вгнездување на бластоцистата на ѕидот на матката кај некои жени можно е да настапи многу оскудно крвавење, кое се нарекува имплантационо крвавење. Истото не е причина за загрижување, а некои жени често погрешно го толкуваат како менструација. Се појавуваат раните симптоми на бременоста (умор,осетливи гради, мачнини, зголемен осет за мирис, зголемена температура) и лабораторискиот тест за бременост е позитивен.