Се е полесно кога си во најбезбедните раце на д-р Петровска
Уште еден среќен пар, уште едно бебе си оди дома, уште една среќна приказна. Нашето секојдневие, нашите среќни пациенти за кои со огромна радост споделуваме.
„Тешките моменти кои носат најголема радост на светот, стануваат полесни кога си во најбезбедните раце. Мене ми беше чест да ви верувам вам д-р Петровска за двата најважни настани во мојот живот. Со огромна љубов и посветеност ја работите најблагодарната работа на светот. Со вашата посветеност и став кој го имате вие сте нашата најголема инспирација“ ни сподели Аурела Хасани.
Среќните родители велат дека се презадоволни од д-р Гордана Петровска која била одговорна и за првото породување на Аурела. Пред две и пол години истата докторка на свет го донела малиот Љуар.
https://acibademsistinababy.mk/5-nedela/34-majkite-raskazaa/853-majkite-raskazaa-luarhasani#sigFreeIdb900a12379