fbpx

Имавме целосна доверба во докторите, знаевме дека ги избравме најдобрите за нашите близнаци

По 14 дена престој во неонатална интензивна нега, малата Ајана и Ајан Маколи со одат дома. Родени се на 3 февруари во 34. гестациска недела од бременоста на Љумтурие. За следењето на бременоста задолжен бил д-р Слободан Дракулевски, доктор во кој младите родители имале целосна доверба.

„Иако нашите близнаци се родија пред време, ние бевме сигурни дека покрај себе го имаат најдобриот тим на доктори. Денес, 14 дена по раѓањето си одиме сите заедно дома. Сè е подготвено за Ајана и Ајан. За бременоста задолжен беше д-р Слободан Дракулевски, за безболното породување д-р Даниела Јованова, а за грижата на нашите новородени д-р Радица Муратовска-Делимитова. Персоналот овде е навистина професионален. Благодарност до сите доктори и сестри од овој оддел. Тие ни беа нашата најголема поддршка и најголема утеха во моментите кога си заминувавме дома без близнаците “ – објаснуваат гордите родители Љумтурие и Андреа.