fbpx
Бремени сте и прекрасни, ви претстои еден од најубавите периоди од животот и вашата коса нека го говори тоа што и вашето тело. Слободно посетете го вашиот фризер и разубавете се! Едно од често поставуваните прашања кај трудниците е дали и каква козметика треба да употребуваат во текот на својата бременост. Стручните лица препорачуваат во текот на првите 3 месеци да се воздржите од боење на косата или, пак, да користите привремени бои за косата кои не продираат подлабоко. Исто така, може да употребите растителна боја за коса, кна или едноставно само да го промените обликот на фризурата.
Испитувањата покажале дека изложеноста на хемикалиите кои ги има во бојата на коса за време на бременоста можат да доведе до појава на вродени мани кај децата. Доколку не можете да се откажете од боењето на косата, обидете се да направите перчиња со помош на фолија. Доколку вашиот фризер е доволно внимателен, нема да дозволи бојата за коса да дојде во допир со кожата. Просторијата каде што се бојадисувате треба да биде добро проветрена. Мирисот на боја може да предизвика вртоглавица или гадење кај бремените жени. Внимавајте, во текот на бременоста косата се менува поради хормоналните промени, можно е и да не ви одговара старата боја за коса која сте ја користеле претходно.