Доколку имате потреба од итен стоматолошки третман, задолжително консултирајте се со вашиот стоматолог дали воопшто смеете да примите анестезија или други лекови кои би можеле да ја искомплицираат вашата бременост.
Неколку совети за бремените жени:
- Информирајте го вашиот стоматолог дека сте бремени.
Задолжително информирајте го вашиот стоматолог во врска со бременоста. Така тој подобро ќе го испланира вашиот третман или процедура. Во секој случај, најдобро би било посериозните стоматолошки третмани да ги завршувате пред да забремените. Најдобро е рутинските стоматолошки прегледи да ги правите во вториот триместар од бременоста. Избегнувајте ги стоматолошките третмани во првиот триместар и во втората половина од последниот триместар бидејќи се најкритичните периоди во бременоста и можат да влијаат врз развојот на бебето.
- Не се изложувајте на зрачење
Доколку зрачењето е неопходно, стоматологот ќе употреби штит при зрачењето со што ќе ве заштити вас и вашето бебе. Денеска стоматолошката опрема за зрачење е далеку побезбедна отколку во минатите декади.
- Одржувајте редовна хигиена
Четкајте ги забите двапати дневно, најмалку по 2 минути и отстранете ги наслагите од вашите заби и употребувајте конец најмалку еднаш во денот. Користете квалитетна четка и паста за заби која содржи флуорид. Доколку страдате од утринска мачнина и имате чести нагони на повраќање, наутро плакнете ја устата со вода или течност за уста.
- Избегнувајте слатки оброци
Нагоните за благо се чести во текот на бременоста. Затоа, имајте на ум дека што почесто јадете слатки толку се поголеми шансите да ви се расипат забите. Од друга страна, некои бактерии кои предизвикуваат расипување на забите кај мајката можат да се префрлат на бебето. Затоа внимавајте што јадете и во колкави количини.
- Јадете здрава и разновидна храна
Првите заби на вашето бебе почнуваат да се развиваат во третиот месец од вашата бременост. Храна која содржи млечни производи од типот на сирење и јогурт е добар извор на основни минерали и е добра за забите, непцата и коските на вашето бебе.