fbpx

ФОЛНА КИСЕЛИНА - е витамин од групата Б што помага во превенцијата на дефекти во формирањето на невралната туба кај бебето и  сериозни абнормалности кај мозокот и ´рбетот. Нејзин недостиг придонесува и за ниска породилна тежина и предвремено породување. Синтетичката форма се наоѓа кај суплементите за трудници познати како folic acid. Добри извори на фолна киселина се: житарици, спанаќ, грав, грашок, кикиритки, портокали. Потребно е да внесувате суплементи со 400 микрограми фолна киселина на ден, 3 месеци пред забременување и во тек на првите 3 месеци од бременоста. Ако трудниците ја земаат препорачаната количина на фолна киселина се спречуваат 50-70% од оштетувањето на невралната цевка кај ембрионот.