Распоред на предавања за март - април - мај 2019
Драги наши идни мајки,
Ве известуваме дека новиот циклус на бесплатните предавања за здрава бременост почна на 6.3.2019 во 19:00 часот.
Првото предавање беше на тема „Промени и задолжителни скрининзи за време на бременоста“, а предавач беше д-р Александар Бојаџиев, гинеколог-акушер. Следната среда, 13 март, дознајте кои се најважните минерали и витамини што ѝ се потребни на мајката за здрав плод, како правилно да се комбинира храната за телото да ги искористи сите хранливи материи, зошто е важен правилен распоред на земање суплементи во бременоста, како да го одржувате оптималното ниво на железо во крвта и да не се доведете во состојба на анемија, која е често присутна кај трудниците.
Новитет во овој циклус се две нови предавање на тема Rooming in – предавање во кое нашите педијатри ќе објаснат сè за овој концептот, но и за симбиозата мајка-дете, која трае во текот на целиот живот, а особено е потребна во првите денови. За да се спречи наглото одвојување од мајката и да се намали стресот и за мајката и за бебето, неонатолозите советуваат дека многу е важно бебето во првите часови и денови да биде што поблиску и да поминува што подолго време со мајката. Постојаното присуство на мајката и контактот кожа на кожа се од огромно значење за негова побрза и побезбедна адаптација на надворешните услови. За таа неонатолозите препорачуваат за време на престојот во болница бебињата да бидат сместени заедно со мајките.
Во овој циклус ќе зборуваме и за феталната ехокардиографија - метода што овозможува откривање на вродените срцеви аномалии кај фетусот уште во најрана фаза од бременоста. Следејќи ги светските трендови, но и поради високиот процент на вродени срцеви аномалии кај неризичните групи трудници феталната ехокардиографија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се наметна како рутински скрининг во пренатална дијагностика на структурните аномалии на феталното срце. Голем број родители не знаат дека застапеноста на вродените срцеви маани e од 6 до 8 на 1000 живородени новороденчиња.
Со задоволство ве очекуваме да дојдете и заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост. Секоја трудница на предавањето добива и подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.
За да го најавите вашето присуство, потребно е да се јавите во нашиот контакт-центар на 02 30 99 500.
Подолу можете да ја погледнете целосната програма. Се гледаме секоја среда во Acibadem Sistina!