fbpx

Распоред на предавања мај-јуни-јули 2019

Драги наши идни мајки,

Ве известуваме дека в среда, на 22 мај 2019 година, почнува новиот циклус на бесплатни предавања за здрава бременост. Многу едукативни совети и интересни подароци за сите присутни трудници. Нашите доктори се тука за да дадат одговор на секое ваше прашање. 

Првото предавање во овој циклус е на тема „Промени и задолжителни скрининзи за време на бременоста“, а предавач е гинеколог акушер. Следната среда, 29 мај, дознајте кои се најважните минерали и витамини што ѝ се потребни на мајката за здрав плод, како правилно да се комбинира храната за телото да ги искористи сите хранливи материи, зошто е важен правилен распоред на земање суплементи во бременоста, како да го одржувате оптималното ниво на железо во крвта и да не се доведете во состојба на анемија, која е често присутна кај трудниците.

Со задоволство ве очекуваме да дојдете и заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост. Секоја трудница на предавањето добива и подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.

За да го најавите вашето присуство, потребно е да се јавите во нашиот контакт-центар на 02 30 99 500.

Подолу можете да ја погледнете целосната програма. Се гледаме секоја среда во Acibadem Sistina!