Започнува нов циклус бесплатни предавања за идни родители
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на новиот циклус бесплатни предавања за идните родители, кој стартува в среда, на 16 јуни 2021 година. И во овој циклус за вас подготвивме интересни содржини и подароци. Нашите доктори, медицински сестри и акушерки се тука за да дадат одговор на секое ваше прашање и дилема поврзана со бременоста.
В среда стартуваме со темата „ Ултразвучен скрининг во бременост –дилеми и предрасуди “, а предавач е Доц. д-р Корнелија Трајкова, гинеколог-акушер. Во наредното предавање, пак, ќе добиете совети за здрава исхрана во бременост бидејќи правилниот начин на исхрана за време на е многу значаен за здравјето на трудницата и бебето.
Со задоволство ве очекуваме да дојдете во голем број, заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост. Почнувајќи од март 2015 година до денес, на нашите предавања многу трудници споделуваа свои искуства, среќни мигови, но и им поставуваа прашања на нашите доктори.
Наши драги идни родители, бидете и вие дел од најпосетуваните предавања.
Предавањата се од отворен карактер и на нив може да се пријават сите трудници и нивната придружба. Предавањата се одвиваат по сите мерки и безбедносни протоколи за целосна заштита од SARS-CoV-2 вирусот.
За секоја трудница подготвуваме интересен подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.
Пријавете се задолжително во нашиот контакт-центар на 02 30 99 500 или на е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на места е ограничен.
Подолу можете да ја погледнете целосната програма.
Се гледаме секоја среда во 19 часот во Acibadem Sistina!