Бремени сте и прекрасни, ви претстои еден од најубавите периоди од животот и вашата коса нека го говори тоа што и вашето тело. Слободно посетете го вашиот фризер и разубавете се! Едно од често поставуваните прашања кај трудниците е дали и каква козметика треба да употребуваат во текот на својата бременост. Стручните лица препорачуваат во текот на првите 3 месеци да се воздржите од боење на косата или, пак, да користите привремени бои за косата кои не продираат подлабоко. Исто така, може да употребите растителна боја за коса, кна или едноставно само да го промените обликот на фризурата.