Верица и Стојан на 16 декември го добија најубавиот новогодишен подарок, малата Исидора. А за безбедното и сигурно пристигнување на малиот подарок беше задолжен д-р Јорданчо Иванов.
„Персоналот во Аџибадем Систина работи со целосна посветеност, посебно медицинските сестри од неонатологија и д-р Иванов. Овој доктор ги исполни сите мои желби и каприци. Дури остави на мене да го изберам датумот на раѓање на Исидора. Па истемпирав дека мојата ќерка ќе биде стрелец во хороскоп, со подзнак овен, а месечината ќе и биде во Лав. И јас и мојот сопруг сме овни во хороскоп“ – со задоволство на лицето сподели Верица.
Драга Исидора, тимот на AcibademSistinaBaby ти посакуваме безгрижно и среќно детство.
https://acibademsistinababy.mk/bremenost-mob/34-majkite-raskazaa/852-isidora-nikolic#sigFreeIda8288ed462