fbpx

TORCH инфекции во бременоста

Кратенката TORCH се однесува на инфекции со Т-Toxoplasma, O-(other)-други инфекции, како Hepatitis B, Mumps, Treponema, Parvo B 19 virus, Varichela, R-Rubeola, C-CMV инфекција и H –Herpes virus инфекции.

Симптомите на овие инфекции можат да бидат од незабележливи, со благи симптоми како општа слабост, покачена температура, отечени лимфни јазли и кожен осип, сè до големи оштетувања на плодот со ембриопатии и фетопатии.

Toxoplasmosa е болест чиј предизвикувач е Toxoplasma gondii. Најчести пренесители на оваа инфекција се мачките, а се пренесува преку термички необработена храна и млеко, немиено овошје и зеленчук. Инфекцијата се пренесува преку постелката на плодот и доколку се јави во првиот триместар од бременоста, најчесто завршува со спонтан абортус. Доколку е активна во подоцнежната бременост може да донесе до конгенитални аномалии, застој во растот на плодот, предвремено породување и мртвороденост.

Hepatitis B и C, Sifilis, Varichela - Хепатит Б и Ц во текот на бременоста се пренесуваат по сексуален пат и со крвни продукти. Можат да се пренесат на плодот со сите симптоми на болеста и треба специфично да се лекуваат. Сифилисот денес е сè помалку присутен, но, сепак, треба да се мисли на него во бременоста бидејќи може да даде сериозни оштетувања на плодот. Varichela вирусот во текот на бременоста може да даде сериозни оштетувања на сетилните органи, мозокот и коските кај плодот.

Parvo B19 вирусот може да предизвика анемија и хидропс на плодот, со излевање на течност во белите дробови и стомакот на бебето, со смртни последици.

Rubeola инфекцијата е предизвикана од вирус и доколку дојде до заразување на трудницата во првите три месеци од бременоста, доага до оштетување на очите, слухот, срцето, мозокот и коските кај плодот. Лекување не постои и поради сериозноста на ефектите по плодот, се препорачува прекин на бременоста. Денес најголем број од трудниците се заштитени од оваа болест со прележување на истата во раната детска возраст или со вакцинација.

CMV или цитомегало вирусните инфекции, доколку се појават во текот на бременоста може да предизвикаат сериозни оштетувања на плодот како застој во растот, зголемување на хепарот и слезенката, оштетување на очите и мозокот и смрт на плодот. Доколку претходно во животот пациентката била во контакт со оваа група вируси-пред забременувањето, и има створено имунитет и Ig G антитела во циркулацијата, истите не можат да му наштетат на плодот.

HSV или херпес вирусите тип 1 и тип 2 генитален херпес - доколку се јави инфекција во текот на бременоста, истата може да се пренесе и на плодот, па затоа се препорачува завршување на бременоста со царски рез. 

Сите овие TORCH инфекции се тестираат преку крвта со антитела за да се докаже или исклучи нивно постоење во текот на бременоста. Доколку се позитивни IgM антителата, се работи за свежа инфекција која може да му наштети на плодот. Доколку се присутни IgG антителата, се работи за стекнат имунитет кај мајката од претходен контакт со овие вируси и истите не можат да му наштетат на плодот.