По седум години желба и борба за бебе, сега сме најсреќни родители
„Лазар дојде на свет на празникот Мала Богородица, предвремено роден во 33. гестациска недела, а јас и мојот сопруг Илија станавме најсреќни родители на кои 7-годишната желба и борба за бебе им се исполни“ – раскажува мама Лидија.
Ризикот за предвремено породување почнал уште во 20. гестациска недела, но со стручноста и професионалноста на д-р Ирена Шуплиновска Јордановска и д-р Гордана Петровска успеале да продолжат уште 13 недели.
„Презадоволни сме од услугата за време на прегледите во текот на бременоста, престојот од две недели пред породувањето, самото породување, како и грижата од 19 дена за нашиот Лазар додека беше во инкубатор. Благодарение на тимот на 'Аџибадем Систина' нашата долгогодишна желба да станеме родители стана реалност. Благодариме за целосната поддршка и ви посакуваме успешна работа. Најдобри сте!“- сподели семејството Јанкови.
View the embedded image gallery online at:
https://acibademsistinababy.mk/majkite-raskazaa/34-majkite-raskazaa/770-lazar-jankov#sigFreeIde8ecee69f6
https://acibademsistinababy.mk/majkite-raskazaa/34-majkite-raskazaa/770-lazar-jankov#sigFreeIde8ecee69f6