По 57 дена, малиот Василиј е во прегратките на Симона и Јани
Два месеца исполнети со неизвесност, страв, исчекување, солзи и насмевки за секој голем успех на малиот Василиј. Така изминувале деновите на Симона и Јани, кои станеле горди родители на малиот Василиј на 25 март. Но наместо да си одат дома со своето чедо, тие си заминале со празни раце. Прв дом за малото новороденче бил Одделот за неонатална интензивна нега, каде што поминал 57 дена.
Сите знаеме дека според дефиниција бременоста трае 40 гестациски недели, но Василиј побрза да го види светот, се роди во 28. гестациска недела, тежок 1.320 грама.
„Се роди на 25 март и беше толку малечок, како зрнце. Тежеше само 1.320 грама и беше долг 44 сантиметри. Периодот додека требаше да биде во мешето на мама, тој го помина во инукбатор. Многу непреспиени ноќи, многу прашалници во мојата глава, дали е добро, дали плаче, дали е нахранет, кога ќе го земам во прегратки? За среќа, тешките мигови се сега зад нас и бескрајно му благодарам на целиот тим од ‘Аџибадем Систина’“– д-р Радица Муратовска, д-р Душко Фидановски, д-р Корнелија Трајкова, д-р Наташа Алулоска, најдобрите медицински сестри од Одделот за интензивна нега. Тие се нашето второ семејство сега. Благодарам на сите добри луѓе, кои безрезервно ме поддржуваа во овие мачни денови кои останаа зад нас. Имав огромна морална и финансиска поддршка. Презадоволна сум од целиот тим, за ништо на светот не би ги менувала. Да не беа овие доктори и медицински сестри, немаше да биде тука ни Василиј“ - сподели Симона Анчевска.
Сега сме комплетни
Насмевката не се симнуваше од лицата на гордите родители. Симона и Јани не ги криеја искрените насмевки и солзи радосници додека сестрите од интензивна нега им делеа совети како да се грижат дома за малиот Василиј.