fbpx

Преку илустрирана презентација идните родители можеа да видат како изгледа процесот на обезболување пред чинот на породување.  На присутните трудници д-р Маргарита Ловач Чепујноска им ги објасни двата типа на анестезија и во кои случаи се применуваат. Корисни информации поврзани за чинот на породување и болката на родилките пренесе и акушерката Снежана Јовановска.

Покрај предавањето на анестезиологот, втората половина од едукативната средба беше посветена на прашањата и дилемите на родилките. Колку време делува анестезијата, дали болката навистина исчезнува со помош на епидурална анестезија, колку е безбедна процедурата и на уште многу други прашања одговор даде д-р Чепујноска.

Следното предавање во среда (02.03) е на тема Нега на новороденче, а предавач е специјалист педијатар неонатолог.  Предавањата се бесплатни и отворени за сите идни родители. Потребно е само да го пријавите вашето присуство на 02 30 99 500.