fbpx

Шестгодишната Лара од 17 јули има нова омилена детска песна. За време на нашата средба постојано ја потпевнуваше Никола, Никола, а објаснувањето и` беше дека така го чува и смирува своето братче да не плаче. „Идеjата за името на нашето второ дете беше на Лара. Таа сакаше да се вика Никола и` ја исполнивме желбата. Неизмерно му благодариме на д-р Александар Бојаџиев, кој по вторпат нè направи најгорди родители на светот. Тој е најдобриот и незаменлив доктор со кој цела бременост ми помина без мака“ – објасни мама Христина.