Нега на предвремено родени деца
Под поимот предвремено родени деца се подразбираат новородени, кои се родени пред 37 гестациска недела. Кога ќе се спомне овој термин не ретко се мисли на новородени кои се со помала родилна тежина каде целиот проблем е во нивниот третман за постигнување на поголема тежина. Но ова не е точно затоа што во основа е незрелоста на органите и нивните функции и пореметувањата кои се јавуваат зради истото.
Причините кои доведуваат до предвремено породување можат да бидат од страната на мајката и тоа: зголемена телесна тежина, употреба на одредени лекарства, пушење и консумирање на алкохол, висок крвен притсок, инфекции, пореметувања на плацентата, депресија, дијабетис, како и повеќеплодна бременост.
Како се третираат овие новородени и какви проблеми најчесто се јавуват кај нив?
Доколку дојде до предвремено пордување најдобро е истото да се одвива во установа која има можност за третирање на овие деца. Породувањето на вакви новородени бара добра координација помеѓу акушерскиот и неонатолошкиот тим за време на раѓањето, поточно подготовка за оживување (реанимација на новороденото) а потоа и нивно сместување во одделите за интензивна нега и терапија.
Кај предвремено родените деца по раѓањето можат да пројават повеќе проблеми во речиси сите органи и системи. Изразеноста на овие порметувања е поистакната доколку се со помала гестациска старост- обично се јавуваат кај новордените под 32 г.н.
Најизразени се проблемите од страна на дишењето кои се манифестираат под слика на отежнато дишење или повремени прекини на дишењето, склоност кон инфекции и крварења, поизразена жолтица.
Предвремено роденото дете се третира во услови на интензивна нега за новородени деца. Истата се карактеризира со соодветна техника и кадровска екипираност, специјалзрана за ваков тип на лекување. Опремата е составена од инкубатори, машини за вештачко дишење, монитори за следење на виталните фукции, пумпи за прецизно дозирање на течностите, специфична медикамнтозна терапија (сурфактан ) итн.
Кога се вадат од инкубатор предвремено родените бебињата?
За да се извадат од инкубатор мораат да бидат со стабилни основни функции и да имаат постигнато најмалку 1600 грама со проценка дека можат да ја контролираат телесната температура.
Какви компликации и проблеми можат да се јават по лекувањето?
По завршениот третман неопходно е овие новородени да се следат од консултаитвен тим составен од педијатар, невролог, пулмолог, офталмлог, дефектолог и други специјалности доколку е потребно. Уште од почеток теба да се знае дека успешно третираното превдремено новородено е со реални шанси да има уреден психомоторен, физички и здравствен развој во текот на животот. Но, и покрај овој факт во одрден процент може да се појават одрдени проблеми предизвикани пред се од незрелоста и применета на одрдени терапевтски постапки. Во периодот по лекувањето можна е поголема осетливост на респираторниот систем на инфекции (вирусни или бактериски) со потешка клиникчка слика отколку кај другите деца.
Кај одрден процент кај кои настапиле клинички или ехографски верифицирани промени во мозкот, можни се и невролошки пореметувања во текот на животот. Можат да се јават проблеми со учењето, однесувањето, говорот, а во потешки случаи и ментална ретардација и церебрална парализа. Применета на кислордна терапија може да има последици и на развиток на ретинопатија на новороденте поради што е неопходен скрининг за таканаречена ретинопатија на предвремено новородените деца. Поради ова контролите кај ваквите деца треба да се почести, почнувајќи од рутинските контроли за напредокот така и посебните прегледи (ехографските).
Како се хранат овие бебиња?
Доколку состојбата дозволува најдобро е да се започне што побргу со хранењето преку уста (минимална ентерална исхрана) за дигестивниот систем да се стимулира за функционирање. Почесто на почетокот е неопходна интравенска исхрана за внесување на неопходните хранливи материи. Заради неразвиеност на рефлексот за цицање и голтање следен метод е хранењето преку сонда поставена во желудникот. Кога истите ќе се појават се започнува со исхрана преку шприц или цуцла. Најдобра храна за предвремено родените бебиња е мајчиното, а потоа и вештачките млека специјално подготвени за овие деца.
Каква треба да биде домашната грижа за недоносените?
Средината во која престојуваат мора да биде постојано чиста, со температура 24-26 Ц, со посебен нагласок на зштита од инфекции (избегнување на контанткти и присуство на болни лица). Креветчето на кое спие треба да е тврдо, а главата малку подигната за да се спречи враќањето на храна на кои се склони недоносените деца.