fbpx

Распоред на предавања за трудници - јануари - февруари 2019

Драги наши идни мајки,

Ве известуваме дека новиот циклус на бесплатните предавања за здрава бременост започнува на деветти јануари (09.01.2019) во 19:00 часот.

Првото предавање ќе биде на тема: Како да се храните здраво во бременоста?, а предавачот со кој ќе разговарате на оваа тема е диетолог. Дознајте кои се најважните минерали и витамини кои и се потребни на мајката за здрав плод, како правилно да се комбинира храната за телото да ги искористи сите хранливи материи, зошто е важен правилен распоред на земање на суплементи во бременоста, како да го одржувате оптималното ниво на железо во крвта и да не се доведете во состојба на анемија, која е често присутна кај трудниците.

Со задоволство ве очекуваме да дојдете и заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост. Секоја трудница на предавањето добива и подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.

За да го најавите вашето присуство потребно е да се јавите во нашиот Контакт центар на 02 30 99 500.

Подолу можете да ја погледнете целосната програма. Се гледаме секоја среда во Acibadem Sistina!