NICU ДОБИ УШТЕ ДВА ХЕРОЈА, ИМЕР И АЉБОНА ПО 63 ДЕНА СИ ОДАТ ДОМА
Неонаталната интензивна нега од „Аџибадем Систина“ доби два нови херои. Близначињата Имер и Аљбона Зимберај по 63 дена си одат дома. Родени се со итен царски рез во 27. гестациска недела, момчето со тежина од 960 грама и должина од 35 сантиметри, девојчето со 1.030 грама тежина и должина од 37 сантиметри.
Два месеца загрижените родители Валбона и Муј секојдневно патувале за да ги видат своите дечиња. Како и многу бебиња родени предвреме тие поминаа низ едно патување поминато со многу надеж, храброст и сила.
„Пред да се родат нашите близнаци, никогаш не знаевме колку е тешко да си родител на бебе кое престојува во NICU. Благодарни сме за целата поддршка што ја добивме од целиот персонал тука – д-р Станка Танчева, д-р Златко Палчевски, медицинските сестри од интензивна. Презадоволни сме за тоа како се грижеа за нашите деца. Не можевме да им најдеме подобра замена, во моментите кога ние бевме далеку од нив“- велат родителите Валбона и Муј.
Медицинските сестри кои 63 дена се грижеле за нив биле нивната најголема поддршка. Објаснуваат дека изградиле силна врска со овие мали херои и веќе ќе им недостигаат. Секојдневно се соочуваме со многу инспиративни приказни, а за нас секоја од нив е возбудлива и исполнета со многу предизвици.
https://acibademsistinababy.mk/alatki/34-majkite-raskazaa/857-imer-albona-zimberaj#sigFreeIdd2841c5f44