Д-р Андреј Петров со совети за здрава и негувана кожа во бременост
Хормонските промени и зголемената телесна тежина се само дел од причините кои доведуваат до промени во структурата на кожата и нејзината еластичност. Кожата бара посебна нега во бременоста особено на стомакот каде доаѓа до нејзино растегнување.
На вчерашното едукативно предавање, д-р Андреј Петров ги советуваше идните мајки како правилно да ја негуваат кожата во бременоста. За да се превенира појавата на стриите и сувоста на кожата, потребно е кожата да биде постојано хидрирана. Посебен дел од предавањето беше посветено на прашањата на трудниците во однос на дилемите за причините за појава на стрии, дали може да се спречат и како да се третираат. Една од темите кои предизвика интерес е заздравувањето на раната од царски рез.
Со предавањето на тема Нега на кожата во бременост го заокруживме вториот циклус од програмата за подготовка за породување и здрава бременост. Поради престојните празници, третиот циклус предавања ќе започнат од 20.јануари 2016 година. Тимот на Acibadem Sistina BABY ви посакува среќна и успешна нова година. Ќе ни биде задоволство и во следната година заедно да се едуцираме и да ги споделуваме искуствата од бременоста. Во прилог е програмата на предавања.
https://acibademsistinababy.mk/majkite-raskazaa/33-novosti/416-predavanje-dr-andrej-petrov-kozha-bremenost#sigFreeId3ef53ae683