fbpx

Се роди Нуран – осмото дете во семејството Субах

На 28 февруари се роди малата Нуран, осмото бебе на семејството Субах. Името Нуран значи светлина, а малата принцеза внесе светлина во семејството, раскажуваат 32–годишната горда мајка Кјомза и таткото Мохамед.

„Секое породување е посебно искуство за секоја мајка, но со Нуран го имав најлесното породување досега. Посебно сакам да ѝ се заблагодарам на д-р Даниела Јованова, која е многу добра докторка. Беше со мене во сите моменти и премногу ја засакав“ –вели Кјомза. Таа низ смеа ни раскажа дека ако ја оценува докторката на скала од 1 до10 би ѝ дала оценка 20.

Семејството Субах потекнува од Катар, а Нуран е првото бебе кое се родило во Македонија.Во нивната земја обичај е убавото украсување како знак за топло добредојде на новиот член.  Уживавме во глетката, а со вас ги споделуваме првите фотографии на Нуран.