Сите заедно го одбравме името за нашето бебе
На прашањето кој најмногу ќе се грижи за братчето Леон, сестричките Калина и Христина во еден глас одговорија „јас, јас, јас“! Нивното братче, малиот Леон, се роди на 28 февруари, а среќните родители Марија и Филип беа презадоволни од д-р Златко Палчевски.
„Д-р Палчевски е најљубезниот и најдобар доктор кој ние сме го запознале. Секогаш е достапен и има одговор за сите наши прашања. Едноставно нè маѓепса со својата стручност. Д-р Палчевски, од сесрце ти благодариме!“ – изјавија среќните родители.
Леон е третото дете во семејството Силјановски. Пред него се родија 10-годишната Калина и 8-годишната Христина. Тие ветија дека ќе се грижат за најмалиот член во семејството и ќе ѝ помагаат на мама Марија.
https://acibademsistinababy.mk/majkite-raskazaa/34-majkite-raskazaa/459-leon-siljanovski#sigFreeId524e52dc46