fbpx

Добре дојде Ангела, првата радост на Фамилијата Тодоровски!

Малата Ангела е првата радост на мама Стефана и тато Иван која од првиот момент им ја донесе целата среќа на светот на своите родители.

„Од самата вечер кога нè згрижија во вашата болница, па сè до самиот крај кога си заминавме со нашата Ангела, персоналот беше многу посветен. Грижата на докторите и медицинските сестри, хигиената и сите други услуги беа на високо ниво. Сакаме да му изразиме особена благодарност на д-р Павле Димчев за неговата професионалност и посветеност во текот на целата бременост, како и на целиот тим што беше ангажиран околу мајката за време на нашиот престој“ – велат мама Стефана и тато Иван, гордите родители на убавицата Ангела.

Ангела, Acibadem Sistina Baby ти посакува многу здравје и безгрижно детство исполнето со игри и насмевки!

Ги споделуваме нивните први фотографии и им благодариме за укажаната доверба да бидеме дел од нивниот најсреќен момент во животот!