fbpx

Донесовте огромна радост во нашите животи

„Целиот тим на медицински сестри и доктори, болничари беа беспрекорно добри и од голема помош и едукација за нови родители какви што сме јас и Мирче“ – објаснува Софија Стојановска, која на 13 јуни стана мајка на малиот Михаил.

Гордите родители истакнаа посебна почит и љубов кон гинекологот кој се грижел за нејзината бременост, д-р Даниела Јованова.

„Д-р Јованова е вистински професионалец, ми помогна без грижи да ја поминам цела бременост

и да го родам Михаил, нашата прва радост“- сподели мама Софија.