fbpx
Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Некои од бремените жени  ја имаат привилегијата за првпат да го почувствуваат движењето на нивното бебе. Бремените жени со прво дете најчесто ги чувствуваат движењата по 20. недела. На почеток, додека е малечко, движењата се чувствуваат како гасови или како слаб грч на мускулите. Како што бебето расте и добива сила, движењата нема да останат незабележани.  Друг изненадувачки факт е тоа што во 16.недела бебето може да го чуе вашиот глас. Голем број бремени жени во оваа недела забележуваат дека имаат поинтензивен раст на ноктите и косата.

Вашето бебе е со големина на авокадо

Во  16.недела просечната  должина на бебето изнесува околу 15 цм. Тежи околу 110 грама.

Бебе во 16. недела

Ги слуша вашите звуци

Формиран е осетот за вкус

Почнуваат да се развиваат белите дробови

Полот е видлив на ултразвук.

Бебето почнува да прави гримаси на лицето и движења на цицање со устата

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Некои од мајките ги чувствуваат движењата на фетусот.

Болки во грбот.  За да ги избегнете, вежбајте и истегнувајте се наутро.

Зголемени гради. Кон крајот на вториот триместар градите веќе се подготвени за доење.

Запек. Се јавува бидејќи зголемената матка прави притисок на цревата.

Суви и осетливи очи. Хормоните на бременоста се главен виновник за оваа состојба.

Советуваме

Може да забележите бел вагинален исцедок. Овој исцедок се смета дека помага во супресија на развојот на потенцијално опасни бактерии. Вагината има ациден pH кој во нормални услови варира од 3.5 до 5. Киселата средина во вагината е всушност и природна одбрана од микроорганизмите. Обратете внимание доколку исцедокот станува со непријатен мирис, зелен или жолтеникав или доколку е придружен со црвенило, чешање и иритација. Ова може да се знаци за вагинална инфекција. А таа е една од најчестите причини за предвременото прскање на воденикот и предвременото породување. Препорачано е рутински да се направат микробиолошки брисеви. Контактирајте го вашиот гинеколог.

Фотографирајте се, ова се фотографии што ќе останат во вашите драги спомени.

Зборувајте му на бебето, ги слуша вашите звуци.

Направете список со имиња.