4. месец
Свест: Чувствува непознати места или луѓе.
Говор: Гуга за себе или со другите. Го подига гласот како да поставува прашања.
Меморија: Ја препознава мајката во група луѓе.
Совет: Охрабрете го со обраќање лице в лице. Имитирајте ги звуците кои ги прави за да покажете интерес.
Фини движења: Почнува да фаќа предмети. Игра со тропалка и ја става во уста.
Груби движења: Учи да префрла тежина од една на друга страна и да се превртува. Горниот дел од телото и рацете зајакнуваат: може да седи само за момент ако се придржува. И во оваа положба се обидува да одржи рамнотежа.
Хранење: Може да почне да јаде овошни пиреа и сокови, по препорака од педијатар.
Сетила: Гледа во боја, се адаптира на различни растојанија и ја забележува длабочината на просторот.
Здравствена состојба: Поради транзиторен пад на имунитетот (губиток на мајчинските антитела) може да добие настинка. Доколку симптомите траат подолго треба, да се однесе на лекар.