fbpx

Стрии во бременоста

Најчесто појавата на стрии се поврзува со бременоста, брзиот раст и развој или честите промени во тежината, но некои луѓе едноставно имаат генетски предиспозиции да ги добијат. Доколку вашата мајка има стрии, голема е веројатноста дека и вие ќе ги имате. Но, нема причини за паника или загриженост, постоирешение.

Што се стрии?

Стрии се црвенкави, виолетови, розови или кафеави (во зависност од тонот на вашата кожа) ленти или набори кои се наоѓаат на вашите гради, стомак, задник, колковите и бутовите. Стрии се всушност лузни кои настанале поради пукање на кожата, поради брзото зголемување на телесната тежина за време на бременоста. Овие ленти најчесто се појавуваат во групи со неправилна форма.

Дали има некои тестови за детекција на стрии?

Не постојат никакви тестови за детекција или најава на стриите бидејќи тие се прилично препознатливи и видливи.

Колку е честа појавата на стрии за време на бременоста?

Најголем дел од жените со овој козметички проблем се сретнале за време на бременоста, најчесто во текот на втората половина од бременоста. Кожата многу брзо се проширува - особено во шестиот и седмиот месеци – и настануваат стрии. Трудниците кои носат близнаци или имаат голем плод имаат поголема веројатност за појава на стрии. Генетиката, исто така, е еден од клучните фактори за нивна појава - ако вашата мајка или сестра имала стрии, веројатно, ќе имате и вие.

Дали стриите ќе влијаат врз состојбата на бебето?

Оваа нова појава воопшто нема да му штети на вашето бебе.

Кој е најдобар начин за лекување стрии?

Луѓето денеска бараат третмани кои се неинвазивни и безбедни, а резултатите се видливи веднаш, па затоа ова се нашите препораки…

еCO2 ласер е моќно оружје против стриите и со него може да се третира кој било дел од телото. Влијае врз отстранување на брчките, фини кожни линии, стрии и пигментација и го подобрува изгледот на кожата, текстурата, ги затвора проширените пори и влијае на затегнување и зацврстување на кожата. По 48 часа од третманот комплетен е процесот на обновување на површинскиот слој на кожата. Најзначајна карактеристика е тоа што ласерскиот третман зафаќа само 20% од кожата, а останатите 80 % во третираното подрачје остануваат недопрена.  Намалени се несаканите ефекти како што се ризикот од депигментација и лузни, долотрајно црвенило по третман и потребата да се избегнува изложување на сонце подолг период. Процесот на заздравување по третманот е многу брз.

PRP (platelet rich plasma) e најприродната и  нова метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин. Со површната апликација се ублажуваат фините линии и брчките, додека со подлабоко инјектирање се намалуваат подлабоките брчки, лузни и стрии. Со третманот се стимулираат природните механизми на подмладување и регенерација на кожата, што доведува до создавање нов колаген. Како резултат на ова кожата станува цврста, еластична, посвежа, посјајна и затегната. Предноста на оваа метода е тоа што резултатите се видливи веднаш по третманот, а благодарение на кумулативниот ефект, оваа метода гарантира долготрајност на добиениот резултат. Оваа револуционерна метода се изведува со сопствената крвна плазма која прави биостимулација на кожните келии. Таа е богата со факторот на растење и кој ја стимулира процесот на регенерација на кожните келии. Овој метод се изведува на тој начин што се зема мала количина крв која се поставува во посебна епрувета, а потоа крвната плазма се збогатува со тромбоцити и се аплицира на лицето.