fbpx

Наташа Мерсовска: Д-р Бојаџиев беше нашиот правилен избор

На 26 ноември познатата новинарка на бизнис-веститена телевизија „Сител“, Наташа Мерсовска, и нејзиниот сопруг Александар ја добија најбитната улога во нивните животи, станаа родители на малата Каја.

Наташа со нас ја сподели приказната за својата ризична бременост, деветте месеци одморање, многуте прашања и дилеми поврзани со бременоста, но и најсреќниот ден кога се роди Каја.

„Само што ја слушнав радосната вест дека сум бремена, почнаа и проблемите. Имав ризична бременост каде ми беше дозволено само да станувам од кревет за на преглед. Почнав да размислувам и да се распрашувам кое место е вистинското за да ја продолжам мојата бременост. Сите одговори водеа кон Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ и д-р Александар Бојаџиев“-објаснува Наташа.

Вели дека е презадоволна од целиот третман штого добила во „Аџибадем Систина“, а, пак, д-р Бојаџиев е прекрасен доктор и му благодари за неговата посветеност и грижа.

„Со својот детален пристап, компетентност, стручност и одговор на секое мое логично и нелогично прашање, д-р Бојаџиев беше правилниот избор. Благодарение на него, нашето семејство се збогати за уште еден член, Каја.

Условите и третманот штоги добив во болницата навистина беа на завидно ниво. Воопшто не почувствував дека сум била во болница, голема благодарност до целиот тим и персонал. Мојата препорака до сите е да не се двоумат, ‘Аџибадем Систина’ нека биде нивниот избор, доколку сакаат сигурна бременост, стручен персонал, насмеани лица и соодветна нега“ – објаснува новинарката Мерсовска.

Им честитаме на гордите родители, а на малата Каја ѝ посакуваме безгрижно детство.