fbpx

Дејана Мисајлевска

Шест години по раѓањето на Дамјан во семејството Мисајлевски пристигна новиот член, овој пат мало прекрасно девојче. Ќе се вика Дејана и ако оценуваме според името, треба да биде миленичка на тато Дејан.  Ова се нејзините први фотографии пред да замине во својот дом со мама Марија, тато Дејан и бато Дамјан.

Дејана на свет ја донесе д-т Златко Палчевски, гинекологот кон кој Марија ја има најголемата доверба. Пред да замине Марија упати топол и срдечен поздрав до целиот тим кој се грижеше за неа и за малата Дејана.