fbpx

Осми март е вистински празник за мама Ирена

Алек е најубавиот осмомартовски подарок за мама Ирена. Радоста е уште поголема што ова е првото дете во семејството Какашевски од Скопје. На свет го донесе д-р Слободан Дракулевски, кој се грижеше за целата бременост на Ирена.

„Да се биде мајка е најубаво чувство. Ви благодарам што ми овозможивте првите денови од мајчинството да почувствувам дека некој се грижи за мене и моето дете на најадобар можен начин. Ве поздравувам сите вас кои бевте толку љубезни кон нас“ вели мама Ирена.